ЕТИК
Евангелско-Теолошки Институт - Куманово

Историјата на ЕТИК
ЕТИК е теолошки институт кој првенствено се занимава со едукација на нови теолошки кадри. ЕТИК со својата работа започнува во 2016 год., најпрвин како вишо двегодишно теолошко училиште, а од 2022 год. со нова четиригодишна програма по теологија, која се изведува по принцип н а менторски вонредни студии.
Нашите предавачи
Директор на ЕТИК е д-р Сашо Георгиевски
Во менторскиот, наставнички и професорски кадар на ЕТИК се вклучени 15 професори, асистенти и демонстратори, од кои 3 доктори, 6 магистри и 6 дипломирани теолози со долгогодишно активно искуство во пасторска служба.

Адреса
Населба „Гладно Поле“ б.б
Куманово
Телефон
Дир. Сашо Георгиевски
+389 70 839 730
Начин на студирање
Вонредните студиите по теологија се изведуваат со активна соработка со сите ментори распределени за различни предмети од програмата.
Предмети во програмата
Прва година
9 предмети и една писмена задача
1. Твојот нов живот; 2. Твојата Библија; 3. Книга за Исус; 4. За црквата; 5. Евангелизација; 6. Библиска етика; 7. Кога се молиш; 8. Како да ја проучуваш Библијата; 9. Твојот пријател и помошник; 10. Писмена работа – писмена проповед.
Втора година
9 предмети и една писмена задача
11. Христијанско обожавање; 12. Христијански работници; 13. Брак и семејство; 14. Божји план и твој избор; 15. Евангелие според Јован; 16. Што веруваме?; 17. Што прават црквите?; 18. Служба на поучување;19. Христијанска заедница; 20. Сумаризација на книга (христијански класици).
Трета година
9 предмети и 2 семинарски
21. Основни христијански доктрини; 22. Вовед во Стариот завет; 23. Вовед во Новиот завет; 24. Евангелизација; 25. Црковна историја I; 26. Старозаветна егзегеза и херменевтика; 27. Новозаветна егзегеза и херменевтика 2; 28. Основање нови цркви; 29. Светски религии; 30. Семинарска работа I; 31. Семинарска работа II.
Четврта година
9 предмети, 2 семинарски и дипломска
32. Црковна историја II; 33. Мисија; 34. Систематска теологија; 35. Библиска теологија; 36. Пасторологија; 37. Хомилетика; 38. Христијанска етика; 39. Апологетика; 40. Филозофија на религијата; 41. Семинарска работа III; 42. Семинарска работа IV; 43. Дипломска работа.
Услови за упис
1. Препорака од пастор на црква; 2. Лично сведоштво и мотивациско писмо; 3. Завршено средно образование (четиригодишно или евентуално тригодишно со надополнување од завршени други семинари, курсеви или практични искуства во службата).
Уписите и студиите се во постојан тек. За сите други детали и информации, јавете ни се лично.