Publishing
For more information and ways to purchase the books, click 'Read more' under each book description.

БИБЛИЈА ЗА МЛАДИ ЧИТАТЕЛИ
Книгата ги содржи поистакнатите Библиски настани од Стариот и Новиот Завет, со илустрации во боја, на вкупно ?? страници. Самата книга е препорачана и од господин Стефан, архиепископот на МПЦ, Охридски и Македонски. Книгата се нуди бесплатно се до исцрпување на количините, кои се ограничени. Порачката можете да ја направите на следниов телефонски број, или имејл адреса: Тел. 075 499 284 Е-маил: e.c.negotino@gmail.com Лице за контакт: Горан Илиев

НОВИОТ ЗАВЕТ
Христијанските свети книги, познати и под името „Новиот Завет“ се составен дел од Светото Писмо-Библијата. Тоа е збирка од 27 книги, меѓу кои се четирите евангелија, посланијата (писмата) на апостолите до црквите и книгата Откровение. Новиот Завет кој ви го нудиме бесплатно е со македонски превод и е уникатен по тоа што, на секоја страна содржи странични фусноти за секој Библиски текст, кои посочуваат на паралени текстови и цитати, со слична содржина и тематика. На овој, начин, проучувањето на Новиот Завет, според слични теми и текстови, станува многу полесно. Книгата се нуди бесплатно се до исцрпување на количините, кои се ограничени. Порачката можете да ја направите на следниов телефонски број, или имејл адреса: Тел. 075 499 284 Е-маил: e.c.negotino@gmail.com Лице за контакт: Горан Илиев

БОЖЕ, КАДЕ СИ?!
Дали се чувствувате изгубено во oboj тежок период, прашувајйи се, „Боже, каде си?!“ Можеби порано го слушавте Божјиот глас, но ceгa се чини како Бог да молчи. Можеби порано чекоревте во вера, но ceгa воопшто ке можете да го препознаете Неговото лрисуство. Добредојдовте во пустината - место што се наога помеѓу примање на некое ветување од Бог и исполнување на иотото. Во оваа просветлувачка книга, кајпродаваниот автор Џон Бивир ве опремува со многу важни Библиски вистини и важни настани од Библијата, кои ке ви помогнат правилно да се движите во вашиот сушен или тежок период, со цел да искусите сè што Бог има подготвено за вас. КНИГАТА СОД РЖИ И ДВД - МАТ ЕРИЈАЛ , СО АУДИО ВЕРЗИЈА. За Авторот: ЏОН БИВИР е меѓународен говорник од Колорадо, САД и автор на најпродавани книги, познат по својот смел и бескомпромисен пристап кон Божјото Слово. Џон и неговата сопруга Лиса, се основачи на Messenger Intnernational - служба посветена на развој на бесхомпромисни следбеници на Христос кои го преобразуваат нашиот свет. Порачката можете да ја направите на следниов телефонски број, или имејл адреса: Тел. 077 611 235 Е-маил: emilvesna@yahoo.com Лице за контакт: Емил Пуздерслиски

ВОДЕН ОД ВЕЧНОСТА
Во книгата „Воден од вечноста„ авторот Џон Бивир користи една алегорија-откровение и опсежни цитати од Светото Писмо, за да наслика живописна слика за начинот на кој нашите земски животи го обликуваа нашето вечно постоење. Животот по последниот здив е многу повеке од дестинација. Не чекајте да стане предоцна. . Откријте сега како можете да го направите вашиот живот значаен, за денес, но и за вечноста. КНИГАТА СОД РЖИ И ДВД - МАТ ЕРИЈАЛ , СО АУДИО ВЕРЗИЈА. За Авторот: ЏОН БИВИР е меѓународен говорник од Колорадо, САД и автор на најпродавани книги, познат по својот смел и бескомпромисен пристап кон Божјото Слово. Џон и неговата сопруга Лиса, се основачи на Messenger Intnernational - служба посветена на развој на бесхомпромисни следбеници на Христос кои го преобразуваат нашиот свет. Порачката можете да ја направите на следниов телефонски број, или имејл адреса: Тел. 077 611 235 Е-маил: emilvesna@yahoo.com Лице за контакт: Емил Пуздерслиски

ДОБРО ИЛИ БОГ?
Во денешно време, термините добро и Бог навидум изгледаат како синоними. Веруваме дека она што е општо прифатено како добро, мора да е во согласност со Божјата волја. Великодушноста, понизноста и правдата се добро. Себичноста, арогантноста, немилосрдноста и суровоста се зло. Разликата изгледа прилично едноставна и јасна. Но дали навистина е така? Оваа книга ќе направи многу повеќе од тоа, да бара од вас да го промените вашето однесување и перцепција за тоа, што е добро. Ќе ве зајакне да се поврзете со Бог, на ниво кое ќе го промени секој аспект од вашиот живот. КНИГАТА СОД РЖИ И ДВД - МАТ ЕРИЈАЛ , СО АУДИО ВЕРЗИЈА. За Авторот: ЏОН БИВИР е меѓународен говорник од Колорадо, САД и автор на најпродавани книги, познат по својот смел и бескомпромисен пристап кон Божјото Слово. Џон и неговата сопруга Лиса, се основачи на Messenger Intnernational - служба посветена на развој на бесхомпромисни следбеници на Христос кои го преобразуваат нашиот свет. Порачката можете да ја направите на следниов телефонски број, или имејл адреса: Тел. 077 611 235 Е-маил: emilvesna@yahoo.com Лице за контакт: Емил Пуздерслиски

КОГА ЛАВИЦАТА СТАНУВА
Во оваа книга, авторот и говорник, Лиса Бивир, го претставува животот и сликата за лавиците, како жесток и нежен пример за жените. Откривајќи ги изненадувачките карактеристики на ова чудесно животно, Лиса ги предизвикува жените да најдат нова страст, вештина и цел. Исполнета со неверојатни информации од природата и богата лепеза на Библиски референци за лавиците, книгата е повик упатен до жените, да се издигнат во сила и веој, за да го променат светот. За Авторот: ЛИСА БИВИР е меѓународен говорник од Колорадо, САД и автор на најпродавани книги, ко-водител на телевизиската програма „The Messenger“, што се емитува во повеќе од 216 земји. Таа има својствен, транспарентен стил, со кој го споделува Божјиот Збор со лични примери, носејќи трансформација и слобода. Лиса има големо сочуство кон опшествените неправди и како поборник за промени, таа мобилизира други, што ќе бидат одговор за големите проблеми ширум светот. Порачката можете да ја направите на следниов телефонски број, или имејл адреса: Тел. 077 611 235 Е-маил: emilvesna@yahoo.com Лице за контакт: Емил Пуздерслиски

ПОБЛИЗУ ДО БОГ
Во книгата, Џон Бивир ве охрабрува да не се задоволите со површно и сувопарно христијанство, каде што лицето знае за Бог, но не го познава Бог. Оваа неверојатна и непроменлива покана од Создателот на универзумот не е само покана да Го славиме од далеку, со некакви ритуали, туку да влеземе во длабока и интимна врска, во која Тој ќе го знае нашето срце, а ние Неговото. За Авторот: ЏОН БИВИР е меѓународен говорник од Колорадо, САД и автор на најпродавани книги, познат по својот смел и бескомпромисен пристап кон Божјото Слово. Џон и неговата сопруга Лиса, се основачи на Messenger Intnernational - служба посветена на развој на бесхомпромисни следбеници на Христос кои го преобразуваат нашиот свет. Порачката можете да ја направите на следниов телефонски број, или имејл адреса: Тел. 077 611 235 Е-маил: emilvesna@yahoo.com Лице за контакт: Емил Пуздерслиски

ПРИКАЗНА ЗА БРАКОТ
Еднаш, многу одамна... бракот беше засекогаш. Тоа беше завет кој спои еден маж и една жена. Тие беа создадени да бидат еден за друг. Заедно им беше подобро, отколку сами. Свадбената церемонија беше само почеток кон нивната цел: среќни до крајот на животот. Како го зогубивме допирот на оваа длабока, љубовна приказна? Во Приказната за бракот, Џон и Лиса Бивир ве покануваат повторно да го откриете Божјиот оригинален план за бракот, без оглед дали сте сами, во брак, или свршени. СО КНИГАТА ЌЕ ДОБИЕТЕ И ПОДАРОК: ЦЕ-ДЕ СО ДВД МАТЕРИЈАЛИ ЗА БРАКОТ И АУДИО ВЕРЗИЈА НА САМАТА КНИГА. Порачката можете да ја направите на следниов телефонски број, или имејл адреса: Тел. 077 611 235 Е-маил: emilvesna@yahoo.com Лице за контакт: Емил Пуздерслиски

СТАПИЦАТА НА САТАНАТА
„Стапицата на сатаната“ разоткрива една од најизмамните замки што непријателот ги користи за да ги извлече верниците од волјата Божја: навреда т.е. соблазна. Повеќето луѓе се заробени во оваа замка и не ни ја сфаќаат. Не се залажувајте! Христос рекол: „Невозможно е да не дојде до никакви соблазни“ (Лука 17:1). Не можете да изберете дали ќе бидете навредени или не, но можете да изберете како ќе одговорите. Преку оваа порака, Џон Бевер ќе ве поттикне да останете во волјата Божја и да се ослободите од сомнежите и недовербата. Можете да избегате од менталитетот на жртвата и да живеете без товарот на влошување и фрустрација. Како што откривате поголемо ниво на потчинетост кон Бога, вашиот живот ќе изобилува со простување, помирување и се поголема радост. За Авторот: ЏОН БИВИР е меѓународен говорник од Колорадо, САД и автор на најпродавани книги, познат по својот смел и бескомпромисен пристап кон Божјото Слово. Џон и неговата сопруга Лиса, се основачи на Messenger Intnernational - служба посветена на развој на бесхомпромисни следбеници на Христос кои го преобразуваат нашиот свет. Порачката можете да ја направите на следниов телефонски број, или имејл адреса: Тел. 077 611 235 Е-маил: emilvesna@yahoo.com Лице за контакт: Емил Пуздерслиски

СТРАВОПОЧИТ
Во свет каде што толку многу (некогаш) искрени верници се оддалечуваат од верата - како што впрочем и Светото Писмо нѐ предупредува дека ќе се случи - можете да изградите вера што ќе трае до крај. Како? Со развивање на здрав, свет страв од Бога во вашиот живот. Во „Стравопочит“, Џон Бивир ве поканува да размислите уште еднаш што значи да се гради спасението во страв и трепет – концепт што во голема мера е занемарен во денешната црква, и за жал носи катастрофални последици. Ќе дознаете на кој начин светиот страв е: • Клучен за близок однос со Бог. • Нè ослободува од сите други стравови и грижи. • Нè води до вистинска мудрост и разбирање. • Суштински за исполнување на Божјиот повик во вашиот живот. • Ве штити од измама и компромиси. Преку оваа предизвикувачка и убедлива порака, можете да доживеете заживување во вашиот однос со Бог, без разлика дали сте нов следбеник на Исус или чекорите со Него поголемиот дел од вашиот живот. За Авторот: ЏОН БИВИР е меѓународен говорник од Колорадо, САД и автор на најпродавани книги, познат по својот смел и бескомпромисен пристап кон Божјото Слово. Џон и неговата сопруга Лиса, се основачи на Messenger Intnernational - служба посветена на развој на бесхомпромисни следбеници на Христос кои го преобразуваат нашиот свет. Порачката можете да ја направите на следниов телефонски број, или имејл адреса: Тел. 077 611 235 Е-маил: emilvesna@yahoo.com Лице за контакт: Емил Пуздерслиски

ТОЈ ЖИВЕЕШЕ МЕЃУ НАС
Библија во стрип, за млади читатели, која содржи 126 колор страници со слики и текстови. Во оваа книга е претставен животот и мисијата на Исус, а како основа се користени четирите евангелија и посланијата на апостолите. Книгата се нуди бесплатно се до исцрпување на количините, кои се ограничени. Порачката можете да ја направите на следниов телефонски број, или имејл адреса: Тел. 075 499 284 Е-маил: e.c.negotino@gmail.com Лице за контакт: Горан Илиев

УБИЈ ГО КРИПТОНИТОТ
Можете да го отстраните она што ја краде вашата сила Како што Супермен можеше да ја прескокне секоја препрека и да го совлада секој противник, така и Христовите следбеници имаат натприродна сила да ги надминат предизвиците со кои се соочуваат. Но, и ние и Супермен го имаме истиот проблем – криптонитот кој што ја црпи нашата сила. Се разбира дека приказната за Супермен и криптонитот е измислена. Но духовниот криптонит е реалност. Оваа книга нуди одговор на прашањето зошто толку многу Христијани не можат да ја искусат силата со која живееја Христијаните во првиот век. Во Убиј го Криптонитот, Џон Бивир ни го открива тој криптонит, како истиот ги ослабува нашите заедници, и како да се ослободиме од неговото влијание. Оваа книга не е за тие што имаат слабо срце. Убиј го Криптонитот не е книга која ќе ни ги чешка ушите. Се работи за сериозна вистина за секој Христов следбеник што копнее да го прифати овој макотрпен процес на трансформација – процес кој на крај секогаш дава плод. За Авторот: ЏОН БИВИР е меѓународен говорник од Колорадо, САД и автор на најпродавани книги, познат по својот смел и бескомпромисен пристап кон Божјото Слово. Џон и неговата сопруга Лиса, се основачи на Messenger Intnernational - служба посветена на развој на бесхомпромисни следбеници на Христос кои го преобразуваат нашиот свет. Порачката можете да ја направите на следниов телефонски број, или имејл адреса: Тел. 077 611 235 Е-маил: emilvesna@yahoo.com Лице за контакт: Емил Пуздерслиски

ЧЕСТ И НАГРАДА
Ниту еден христијанин не сака да го ограничува Бог, но многумина од нас несвесно го ограничуваме Неговото дејствување во нашите животи само затоа што игнорираме еден многу важен духовен принцип: Чест. Тоа е концепт кој речиси не постои во нашата култура денес, но како што ќе видите на страниците од оваа книга, станува збор за нешто што е од огромна важност за напредокот на Божјото Царство во сите сфери на животот. Во Чест и награда, најпродаваниот автор Џон Бивир, ни открива како прифаќањето на повикот за покажување чест нѐ приближува до Божјиот вредносен систем, и нѐ става во позиција да примиме сѐ што Тој има за нас. Преку комбинацијата на длабоките Библиски откровенија заедно со силните сведоштва за примената на овие принципи на дело, оваа книга ќе ви даде свежа перспектива на оваа заборавена доблест – и, уште поважно, ревност за да ја инкорпорирате во секоја област од вашиот живот. За Авторот: ЏОН БИВИР е меѓународен говорник од Колорадо, САД и автор на најпродавани книги, познат по својот смел и бескомпромисен пристап кон Божјото Слово. Џон и неговата сопруга Лиса, се основачи на Messenger Intnernational - служба посветена на развој на бесхомпромисни следбеници на Христос кои го преобразуваат нашиот свет. Порачката можете да ја направите на следниов телефонски број, или имејл адреса: Тел. 077 611 235 Е-маил: emilvesna@yahoo.com Лице за контакт: Емил Пуздерслиски