top of page

Хуманитарна дејност на ЕЦ во Македонија

Скоро секоја, наша локална црква, на еден или друг начин е вклучена во одредена хуманитара дејност, помагајќи редовно или периодично, социјално загрозени семејства и поединци, или лица со посебни потреби.

1

АГАПЕ

Во рамките на Евангелска црква е регистрирана и хуманитарната организација „АГАПЕ“, со задача за спроведување хуманитарна и добротворна дејност на ЕЦ во МК. Тоа вклучува помош на беспомошни лица без оглед на националната, верската и половата припадност. „Агапе“ помага на прогонети, осамени, напуштени деца, духовно обременети и на сите останати на кои им е потребно да се понесат нивните духовни или телесни грижи и да им се понуди соодветна помош. АГАПЕ, својата дејност најзасилено ја вршеше за време на косовската криза и годините потоа, но и денес служи како алатка за хуманитрани проекти и помагање на социјално загрозени семејства. За секој што сака да донира, за да продолжи хуманитарната дејност, тоа може да го стори на следнава сметка: ДЕВИЗНА СМЕТКА НА АГАПЕ BENEFICIARY: Company name: AGAPE SKOPJE Address: UL.FRANKLIN RUZVELT BR.16 SKOPJE Acc. No. : 0270100162412 IBAN: MK07300701001624135 BENEFICIARY'S BANK:Komercijalna banka AD SkopjeUl. Vasil Iljoski br. 3, 1000 Skopje, MacedoniaBIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X ДЕНАРСКА СМЕТКА НА АГАПЕ 300000001139204 Основ: донација.

2

Хуманитарен центар за алишта

Во рамките на Евангелска црква-Неготино фунционира хуманитраниот центар за алишта, преку кој им се помага на социјлано загрозени семејства. Центарот започна со работа на 05.04.2022 и истиот е сместен во опшествена зграда, позната како поранешно ФЗО. Алиштата (и чевлите) ги добиваме од луѓе и организации, кои ни ги донираат и тие најчесто се половни, но добро зачувани. Истите, бесплатно ги делиме на луѓе во потреба. Просторите се отворени само два дена во неделата (секој вторник и петок) , а со него раководат волонтери. Доколку сакате да донирате или ви се потребни дополнителни информации, контактирајте ја Росанда Спасова-Цаца, на телефон: 075 450 372

3

Милосрдната дејност на ЕЦ во Велес

Милосрдната дејност на Евангелска Црква во Велес трае од 2017та година. Започната е скромно, но по Божја благодат расте од година во година. Дејноста ја гледаме како продолжена рака на Божјата љубов за сите луѓе, без разлика на нивната позадина и статус. Милосрдната дејност опфаќа секојдневни и месечни активности, како и поединечни засебни проекти: - пакети храна за соц. загрозени семејства, над 70 семејства секој месец - поддршка и помош за Народната кујна, 20 топли оброци секој ден - стипендирање студенти од соц. загрозени семејства - стипендирање на курс по ИТ технологии за средношколци - парични донации кон операции, лекување и терапии за деца и возрасни - реновирање на домови, посебно и во соработка со други организации - изградени и опремени две сензорни соби за деца со аутизам, во П.О.У. Маца Овчарова и О.У. Васил Главинов - Велес - мебел, материјали и прибор за Развојното советувалиште при Здравствен Дом - Велес - комплетна постелнина, перници, покривачи, пелени и алишта за Детското одделение и Неонатологија при Општа болница - Велес - донација за болницата во Јасеново - неколку илјади мед. маски и стотици визири за Здравствениот дом, болницата и полицијата во Велес - плаќање на заостанати сметки за социјално загрозени семејства - обезбедување огрев за соц. загрозени лица - училишен прибор за деца од соц. загрозени семејства на почетокот на школската година - континуирана соработка и поддршка на Здружение на лица со церебрална парализа - Велес, во вид на храна, финансии, изградба на пристапна рампа и слично - стотици Божиќни пакетчиња за деца, секоја година - алишта, пелени, козметика и храна за новороденчиња од соц. загрозени и многудетни семејства - индивидуални акции за поделба на стотици топли оброци на луѓе во потреба - организирање на летни кампови за деца со попреченост и нивните семејства Сметка за донации: Назив: ЕЦ во МК - Велес Жиро-сметка: 300000004804834 Комерцијална Банка А.Д. Скопје

bottom of page